Вечерва во 20 часот, во Мала станица ќе се отвори годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Оваа година учествуваат 55 автори-членови на ДЛУМ, кои се претставуваат во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми. Од Друштвото најавуваат дека на отварањето на изложбата ќе има протест упатен кон надлежните државни институции за состојбата во која се наоѓа ДЛУМ.
На отворањето, Друштвото ќе ги додели наградите за сликарство, скулптура, графика и за нови медиуми.
„Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставувале голем културен настан во нашата средина. Еден аргумент е непобитен: нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата во 1945, па до денес“, велат од ДЛУМ.