Зоолошката градина во Скопје вчера доби нов член, мајмунче од родот павијан, попознати како бабуни.
Од Зоолошката велат дека сѐ уште не знаат дали мајмунчето е машко или женско, бидејќи не се двои од мајката, која постојано го дои.
„Ако е машко, ќе се вика Филип, бидејќи се роди на Св. Филип. За евентуално женско име сѐ уште не сме се договориле“, велат оттаму.
Невообичаена појава е, велат, што одвреме-навреме и таткото го зема и го ниша, за мајката да се одмори.
Последен пат, Зоолошката доби принова во јули годинава, кога се роди албино кенгурчето Арчибалд.
А. АНТЕВСКА