АКТЕРОТ ЕНДИ СЕРКИС 12 ЧАСА БЕЗ ПРЕКИН ЌЕ ЈА ЧИТА „ХОБИТ“ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

Лондон, (Гардијан)

Англискиот актер Енди Серкис непрекинато во живо ќе ја чита книгата „Хобит“ со цел да собере пари за хуманитарни организации. Се проценува дека ова ќе трае од 10 до 12 часа.

Серкис, кој се прослави со улогата на Голум во трилогиите „Господар на прстените“ и „Хобит“, ќе ја чита книгата од почеток до крај без да прави паузи.

„Многумина од нас тешко ја поднесуваат изолацијата. Додека времињата се тешки, јас сакам да ве одведам на една од најголемите авантури некогаш напишани, 12-часовен маратон низ Средна Земја и истовремено ќе собираме пари за две неверојатни хуманитарни организации“, кажа Серкис.

Читањето во живо ќе почне утре во 11 часот.