АНА ЈОВКОВСКА ЈА ПРЕТСТАВУВА СВОЈАТА НОВА КНИГА ВО КНИЖАРНИЦАТА „ТРИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во 12 часот, во книжарницата „Три“ во ГТЦ во Скопје ќе има дружење со познатата авторка, новинарка и активистка Ана Јовковска, при што и официјално ќе биде претставена нејзината најнова книга „Сакам, значи постојам“.

„По третпат, Јовковска успеа да ‘испече’ свеж, топол и љубовен книжевен колач, неодолив и за најсофистицираните сладокусци. Прашана за тоа кој зачин најмногу го употребува во својата книжевна кујна, Ана без двоумење вели: ‘Слободата! Сакам, значи постојам е духовно патување од и кон себеси‘“, најавува издавачката куќа.