Со изведба на партизански песни и хронологија на антифашистичката борба, синоќа во Националната опера и балет беше одбележана 75-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Вечерта ја отвори словенечката пејачка Ања Рупел со песната „Бела чао“, а настапија и српскиот глумец Никола Којо, Тијана Дапчевиќ, Викторија Лоба, Игор Џамбазов и Лидија Кочовска, придружувани од Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

Српскиот глумец Никола Којо придружуван од Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет

Градоначалникот Петре Шилегов на годинашните добитници ги додели наградите „13 Ноември“: професорката Христина Спасевска (наука), д-р Жикица Ѓорѓиевски (хуманитарната активност), Дита Старова Ќерими (култура), Фросина Зафирова, Бисера Чадловска (уметност), Ерина Богоева и Александар Трајковски (публицистика). Карате клубот Работнички и борачот Бесир Алили се добитници од областа на спортот, а за постигнати успеси во наставата и воннаставните активности учениците Ана Марија Атанасовска и Стефан Стојковиќ.

Градоначалникот Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев со сопругите. (Фото: К.Попов)

А. АНТЕВСКА