АРАПКАТА ЗАХРА СЕ ИЗБОРИ ДА НАСТАПУВА СО ШАМИЈА НА МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ВО УМЕТНИЧКО ЛИЗГАЊЕ

Лондон, (Индипендент)

22-годишната Захра Лари од Обединетите Арапски Емирати е првата лизгачка која учествуваше на натпревар со шамија. Захра одлучи да се ангажира професионално во уметничкото лизгање пред 10 години, кога за првпат го гледаше филмот на Дизни, „Ледената принцеза“.

Иако во Персискиот Залив речиси никогаш нема снег или мраз, Захра почнала да вежба уште кога била во основно училиште, на единственото лизгалиште во Абу Даби.

Меѓутоа, без разлика на сите пречки со коишто се соочи, таа со огромната поддршка од нејзиниот татко, сега помогна Oбединетите Арапски Емирати да станат првата арапска држава, што се приклучила на Меѓународната федерација на уметничко лизгање.

„Почнав да лизгам кога имав 12 години. Татко ми сметаше дека е спротивно на нашите традиција и култура девојка да се занимава со спорт. До тогаш одевме на спортски натпревари само за да навиваме за пријатели и роднини. Денес, татко ми е мојата најголема поддршка“, вели Захра.

Најголемото внимание привлекува нејзината шамија, особено кога таа првпат настапи на натпревар во Италија во 2012 година. Судиите тогаш ѝ одзедоа поени за прекршување на кодексот на облекување.

Место проѕирните материјали како ликра, Лари носи нетранспарентна облека, како и дебели хеланки.