Научниците пронашле доказ за колосална експлозија во вселената, пет пати поголема од сѐ што досега било набљудувано.
Се верува дека огромното количество енергија било ослободено од супермасивна црна дупка лоцирана на оддалеченост од 390 милиони светлосни години од Земјата. Научниците велат дека ерупцијата оставила џиновска трага во кластерот галаксии Офикјус.
Тие долго време верувале дека нешто чудно се случува во Офикјус, џиновски збир на илјадници одделни галаксии измешани со жежок гас и темна материја. Телескопи со рендгенски зраци таму снимиле интересен заоблен раб.
Научниците претпоставуваат дека тоа би можел да биде ѕидот на празнина толку голема што во неа би можеле да се соберат 15 галаксии како нашиот Млечен Пат. Дека станува збор за незамисливо голема експлозија на црна дупка дополнително било потврдено со телескопи во Австралија и Индија.
„Оваа експлозија е астрономска верзија на ерупцијата на вулканот Сент Хеленс во 1980 година, која го искина врвот на планината“, вели Симона Џакинтучи од Поморската истражувачка лабораторија во Вашингтон.