АСТРОНОМИТЕ ПРВПАТ ГО ФАТИЛЕ МОМЕНТОТ КОГА ЅВЕЗДА ГОЛТА ПЛАНЕТА

Вашингтон, (АП)

Првпат досега, научниците успеале да го фатат моментот кога ѕвезда голта планета, и тоа, како што велат, во еден залак.

Астрономите ги објавија наодите од набљудувањето на она што изгледа како гасен џин со големина на Јупитер кој е изеден од негова ѕвезда. Оваа ѕвезда налик на сонце станала толку голема што ја зафатила планетата која орбитира во близина.

Ова е мрачно навестување на она што ќе ѝ се случи на Земјата кога нашето сонце ќе се претвори во црвен џин и ќе ги голтне четирите внатрешни планети.

Ако е за утеха, ова ќе се случи за околу пет милијарди години“, кажа Морган Меклеод од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.

Галактичката гозба се случила пред 10.000-15.000 години близу соѕвездието Аквила, кога ѕвездата била стара околу 10 милијарди години.

(Фото: илустрација на НАСА)