АУДИОВИЗУЕЛНАТА ИЗЛОЖБА НА ФИЛИП ПЕТКОВСКИ ВО МКЦ ЌЕ СОДРЖИ И КРАТОК ФИЛМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вита“, аудиовизуелна изложба на Филип Петковски, ќе се отвори вечерва во 20 часот во Младински културен центар во Скопје.

Преку оваа изложба Петковски го критикува објективизирањето на женското тело и ги истражува женственоста и сложеноста на човечката емоција. Проектот вклучува краток филм во режија на Петковски, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и снимки направени од непознати фотографи во првата половина на 20. век. Во проектот учествуваат Наталија Теодосиева, Ана Мојсовска, Слаѓана Вујошевиќ, Анастасија Данчевска, Мими Поп-Алексова, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Долорес Поповиќ.

Филип Петковски е докторанд на Катедрата за светска уметност, култура и танц на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, каде што е и асистент. Во Македонија има работено како кореограф, танцов инструктор и режисер на театарски претстави.

Изложбата ќе биде отворена до 1 ноември.