„АВАЛОН“ ГО ОДЛОЖИ КОНЦЕРТОТ НА БАЈАГА И „ИНСТРУКТОРИ“ ЗА 23 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Концертот на српскиот музичар Бајага и неговиот бенд „Инструктори“, кој требаше да се одржи на 9 декември во салата „Јана Сандански“ во Скопје, е одложен за 23 декември, објави „Авалон“.

„Со Бајага и ‘Инструктори’ чувствуваме едно исто: дека не сме способни за какво било славење на животот и музиката оваа недела по тажните информации кои синоќа излегоа на виделина, а утрово се потврдија. На овој чекор се одлучивме од чисто човечки причини: почитта спрема двајцата насилно починати, сочувството спрема нивните семејства и најблиски, но, пред сѐ, тагата која во моментов ја чувствуваме. Оваа недела нека биде недела на тишината“, велат од „Авалон“.

Со концертот требаше да започне месецот на прослава на 30 години „Авалон продукција”. На оние кои не можат да дојдат на 23 декември парите за влезниците ќе им бидат во целост вратени.

Фото: К. ПОПОВ