АВСТРАЛИЈА ФРЛИ ОД ВОЗДУХ ЕДЕН ТОН МОРКОВИ И КОМПИРИ ЗА ГЛАДНИТЕ ЖИВОТНИ

Сиднеј, (Си-Ен-Ен)

Властите на Нов Јужен Велс, една од најпогодените области од катастрофалните пожари во Австралија, употребија хеликоптери за да достават храна на илјадници прегладнети животни.

Тие исфрлија еден тон морков и сладок компир во операцијата „Rock Wallaby“, која имаше за цел да обезбеди храна за големата колонија на валабија, вид помал кенгур.

Изминатата недела на неколку локации се исфрлени над еден тон морков и сладок компир. Во пожарите изгореа неколку живеалишта на валабија, кои можат да избегаат од огнот, но потоа тешко доаѓаат до храна“, изјави министерот за енергетика и животна средина на Нов Јужен Велс, Мет Кин.

Валаби спаѓа во загрозени видови животни, откако во минатото имало 15 различни видови во Австралија.

Пожарите кои почнаа уште во септември предизвикаа огромни уништувања на животинскиот свет. Екологистот Крис Дикмен од Универзитетот во Сиднеј проценува дека досега умреле над милијарда животни, не вклучувајќи риби, жаби, лилјаци и инсекти.