АВСТРАЛИЈА ЈА ВРАТИ НАЈСТАРАТА ТРОПСКА ДОЖДОВНА ШУМА НА СВЕТОТ ВО СТАРАТЕЛСТВО НА АБОРИЏИНИТЕ

Бризбејн, (Би-Би-Си)

Деинтри, најстарата тропска дождовна шума на светот, е вратена во старателство на австралиските Абориџини во историски договор. Шумата, која спаѓа во Светско наследство на УНЕСКО, е стара 180 милиони години и била дом на генерации домородни Абориџини.

Народот Куку Јаланџи отсега ќе управува со националниот парк, заедно со владата на сојузната држава Квинсленд.

УНЕСКО го вклучи Деинтри на својата листа во 1988

Деинтри граничи со Големиот корален гребен и е една од најголемите туристички атракции во Австралија. Шумата е позната по своите древен екосистем и груба природна убавина, исполнета со шумски глетки, диви реки, водопади, клисури и плажи со бел песок.

Договорот вклучува и други национални паркови во Квинсленд, покривајќи област од над 160.000 хектари. Владата на Квинсленд го опиша народот Куку Јаланџи како една од најстарите живи култури на светот.

УНЕСКО го вклучи Деинтри на својата листа во 1988 година, истакнувајќи дека местото се одликува со богат и уникатен биодиверзитет, со над 3.000 видови растенија, 107 цицачи, 368 птици и 113 видови влекачи.