Саудиска Арабија треба да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2034 година откако Австралија одлучи да не се кандидира. Фудбалската федерација на Австралија ја објави одлуката пред истекот на крајниот рок на ФИФА за пројавување интерес.
На тој начин, Саудиска Арабија останува единствената држава која ќе се кандидира.
Мундијалот во 2026 ќе се игра во САД, Канада и Мексико, а домаќини во 2030 ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, со мечеви и во Аргентина, Парагвај и Уругвај.
ФИФА претходно потврди дека СП 2034 ќе се одржи во Азија или Океанија, при што се очекуваше Австралија да ѝ биде сериозен конкурент на Саудиска Арабија, која ја има поддршката на Азиската фудбалска конфедерација.
Како и ланското првенство во Катар, се очекува и Мундијалот во 2034 да се игра во зима поради екстремните летни жештини.