АВТОПОРТРЕТ НА ВАН ГОГ НАЈДЕН СКРИЕН ЗАД ЕДНА ОД НЕГОВИТЕ СЛИКИ

Лондон, (Ројтерс)

Автопортрет на холандскиот уметник Винсент ван Гог е откриен скриен зад една од неговите слики. Од Националната галерија на Шкотска соопштија дека автопортретот е откриен за време на рендгенско испитување на делото „Глава на селанка“ на Ван Гог од 1885 година . Сликата била скриена зад картон и слоеви лепак.

Кога ја видовме рендгенската снимка за првпат, бевме многу возбудени. Вакво големо откритие се случува еднаш, двапати во животот на еден конзерватор. Да се има ваква слика е нешто многу, многу посебно“, рече конзерваторот на слики Лесли Стивенсон во видео споделено од Националната галерија на Шкотска.

Експерти во Националната галерија разгледуваат како да го отстранат лепилото и картонот што го покриваат автопортретот без да ја оштетат сликата. Сликата е на изложбата во Кралската академија во Единбург која ќе биде отворена на 30 јуни.