БАЈАГА И „ИНСТРУКТОРИ“ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ЗА 30 ГОДИНИ „АВАЛОН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 9 декември, во салата „Јане Сандански“ во Скопје концерт ќе одржи српскиот кантавтор Момчило Бајагиќ-Бајага со неговиот бенд „Инструктори“. Концертот го организира „Авалон“ во рамките на прославата на 30 години од основањето на продукцијата.

Се најавува концерт кој ќе трае два и пол часа со повеќето од хитовите кои Бајага ги напиша и ги отпеа во текот на 40-годишната кариера.

Музичката кариера Бајага (63) ја започнал на 14 години во групата „ТНТ“. По три години ѝ се приклучил на „Рибља чорба“. На почетокот, тој се појавувал само на концертите на групата, па станал главен композитор, заедно со Бора Ѓорѓевиќ. Во 1984, Бајага бил исфрлен од „Рибља чорба“, а подоцна ја основал својата група.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во ограничен број на 16 октомври во 9 часот онлајн на ticketx.mk и преку нивната продажна мрежа низ Македонија.