БАЛЕТ ИНСПИРИРАН ОД МУЗИКАТА НА „БЛЕК САБАТ“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА ВО СЕПТЕМВРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Балет и хеви метал се навидум неспоива двојка, но публиката ќе го добие токму тоа кога балетот „Блек Сабат“ ќе има премиера подоцна оваа година. Проект на директорот на Кралскиот балет во Бирмингам, Карлос Акоста и на гитаристот на „Блек Сабат“, Тони Ајоми, ова необично дело премиерно ќе се изведе во септември во Бирмингам.

Ќе вклучи осум песни од легендарниот бенд, како „Paranoid“, „War Pigs“ и „Sabbath Bloody Sabbath“, како и нова музика инспирирана од него.

Се надевам дека приказната ќе ги привлече како фановите на групата, така и фановите на балетот. Никогаш не сум помислил дека ‘Блек Сабат‘ ќе се спои со балет, но добро звучи. Едвај чекам да видам како ова ќе се развива. ‘Блек Сабат‘ секогаш биле иновативни и непредвидливи, а не може да биде понепредвидливо од ова“, изјави Ајоми.

Акоста кажа дека е голем фан на „Блек Сабат“ откако првпат го слушнал во 2000, а идеја за ваков проект добил пред три години, пред да почне пандемијата.