БАРСЕЛОНА ОТКРИ ДЕКА ИМА ДОЛГ ОД 1,35 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Барселона, (Би-Би-Си)

Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, објави дека клубот има долг од 1,35 милијарди евра, опишувајќи ја ситуацијата како многу загрижувачка. Платите во клубот моментално изнесуваат 103% од вкупните приходи.

Лапорта го обвини својот претходник Хосеп Марија Бартомеу за долгот, велејќи дека оставил ужасно наследство. Токму преголемиот долг беше причината што Барселона мораше да го пушти Лео Меси да си оди, бидејќи продолжувањето на неговиот договор ќе го зголемеше збирот на плати на 110% од вкупните приходи, што Ла Лига не можеше да го прифати.

„Нашите плати претставуваат 103% од вкупните приходи на клубот, што е 20-25% повеќе во споредба со нашите конкуренти. Првата работа што морав да ја направам кога станав претседател во март е да позајмам 80 милиони евра за да можам да ги исплатам платите. Претходната власт беше полна со лаги. Барселона има нето минус од 451 милион евра“, кажа Лапорта.

Барселона можеше да ги регистрира новите засилувања Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манаџ дури откако капитенот Жерард Пике се согласи на намалување на платата.