БЕНДОТ „ТОТАЛНО ОПУШТАЊЕ“ ЌЕ СЛАВИ 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопската рокенрол група „Тотално опуштање“  утревечер (28 декември) од 20 часот ќе одржи славенички концерт во бифето на кино „Фросина“ во  Младинскиот културен центар (МКЦ), по повод 30 години од нивното постоење.

„Тотално опуштање“ за овие 30 години има објавено осум студиски албуми, и е еден од најактивните бендови на македонската рокенрол сцена.

Како постојани членови во бендот останаа фронтменот Марјан Китановски и тапанарот Ристо Јанковски-Љац.

Концертот е со наслов „Поштени шизици“. Билетите чинат 300 денари, а на концертот ќе има и гости.

 

Фото: С.Рајхл