БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО КИНОТЕКАТА АКО ДОЈДЕТЕ СО ВЕЛОСИПЕД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 1 април, Кинотека на Македонија почнува акција за подигнување на еколошка свест, која ќе трае цел месец. Така оние што ќе дојдат со велосипед, ќе имаат бесплатен влез на проекциите.

„Секој љубител на филмот кој ќе дојде на проекција со велосипед ќе добие бесплатна влезница за тој ден“, велат од Кинотеката.

По завршувањето на акцијата, велосипедистите ќе плаќаат само 50 отсто од влезницата.