БИЗОНИ СЕ ВРАЌААТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗА ПРВПАТ ПО 6.000 ГОДИНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Стадо бизони ќе биде пуштено во јужна Англија со цел да се обноват древно живеалиште во близина на Кантербери и неговиот див свет, во проект вреден еден милион фунти. Планирано е европскиот бизон, најголемиот копнен цицач на континентот, да добие нов дом во пролет 2022.

Тој е најблискиот современ роднина на древните степски бизони кои живееле на просторите на денешна Англија пред 6.000 години. Тие ќе бидат населени на простор од 500 хектари заедно со други животни, каде што ќе можат да создадат разновидно и здраво живеалиште и да помогнат во обновата на локалниот шумски предел.

Европскиот бизон е доста поголем и има подолги нозе од американскиот, но е полесен. Ова мирно животно исчезнало од дивина по Првата светска војна, а потоа преку проекти на размножување во зоолошки градини биле создадени стада, кои денес живеат во Белорусија, Полска, Литванија, Русија и Украина.

Популацијата на најважниот животински свет во Велика Британија се намалила за 60% од 1970 година. Во тој поглед, таа е една од најсиромашните земји на светот, и покрај големите напори на конзерваторите.