БРИТАНИЈА ОД 2030 ЌЕ ЈА ЗАБРАНИ ПРОДАЖБАТА НА БЕНЗИНСКИ И ДИЗЕЛСКИ ВОЗИЛА

Лондон, (Ројтерс)

Велика Британија ќе ја забрани продажбата на нови бензински и дизелски автомобили и комбиња од 2030 година, пет години порано од планираното, како дел од она што премиерот Борис Џонсон го нарече „зелена револуција“. Крајната цел е штетните емисии да се намалат на нула до 2050 година.

Велика Британија лани стана првата земја од Г7 која си постави вакви амбиции, што подразбира целосни промени во начините на кои Британците патуваат, користат енергија и се хранат. За спроведувањето на планот владата ќе мора да издвои 12 милијарди фунти и да создаде и поддржи 250.000 висококвалификувани „зелени“ работни места до 2030 година. Ќе бидат инвестирани 1,3 милијарди фунти во станици за полнење на електрични возила.

Според новиот план, продажбата на хибридни возила ќе биде дозволена до 2035 година.