БРИТАНСКАТА ПОШТА ИЗДАДЕ 15 ПОШТЕНСКИ МАРКИ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ „СПАЈС ГРЛС“

Лондон, (Би-Би-Си)

Британската кралска пошта издава сет од 15 поштенски марки за прослава на една од најуспешните женски поп-групи „Спајс грлс“, која ја одбележува својата 30-годишнина.

Ова е првпат Кралската пошта да посвети цело издание марки на женска поп-група. Од „Спајс грлс“ рекоа дека никогаш не можеле да сонуваат дека тоа ќе се случи кога се формирале, додавајќи: „Тоа е женска моќ“.

Ема Бантон, Викторија Бекам, Џери Халивел-Хорнер, Мелани Чишолм и Мелани Браун се собраа во 1994 година.

И Гери Халивел-Хорнер, во нејзиниот познат фустан со мотиви на британското знаме од 1997 година, добива своја марка (Фото: Ројал меил)

Десетте главни марки содржат слики од нивните настапи од 1997 до 2012 година, вклучително и од Брит наградите во 1997 и од завршната церемонија на Олимписките игри 2012 во Лондон.

Меѓу нив се Викторија Бекам како настапува за време на турнејата „Враќањето на Спајс грлс“ во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк во 2008 и Џери Халивел-Хорнер во нејзиниот познат фустан со мотиви на британското знаме од 1997.