„ДАЈМЛЕР“ ВЛОЖУВА 20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО БАТЕРИИ ЗА СИТЕ „МЕРЦЕДЕСИ“ ДА БИДАТ ЕЛЕКТРИЧНИ ДО 2022

Штутгарт, (Фајненшл тајмс)
Der neue Mercedes-Benz ECQ, präsentiert von Britta Seeger, Markus Schäfer, Dieter Zetsche und Ola Källenius.;Stromverbrauch kombiniert: 22,2 kWh/100 km; CO2 Emissionen kombiniert: 0 g/km, Angaben vorläufig* The new Mercedes-Benz EQC - the first Mercedes-Benz under the product and technology brand EQ. World Premiere Stockholm 2018.;combined power consumption: 22.2 kWh/100 km; combined CO2 emissions: 0 g/km, provisional*

„Дајмлер“, сопственикот на „Мерцедес-Бенц“, објави дека во наредната деценија ќе вложи 20 милијарди евра во батерии, во рамките на амбициозниот план да ги електрифицира сите свои возила.

Германската компанија не откри кој ќе ѝ биде снабдувачот, но додаде дека „батериите веќе се произведуваат во Европа и Азија и продолжуваат да се шират на стариот континент, а особено во САД“.

„Откако вложивме милијарди евра во развојот на нашата електрична флота, како и во ширењето на нашата глобална мрежа на производство на батерии, сега го преземаме следниот чекор. Со купување батерии во вредност од 20 милијарди евра, ние систематски ќе ја трансформираме компанијата во електрична“, изјави извршниот директор на „Дајмлер“, Дитер Цече.

До 2022, „Дајмлер“ планира да ги направи сите свои возила електрични, што вклучува патнички автомобили, камиони, комбиња и автобуси.

„Нашата флота ќе биде мешавина од хибриди, автомобили кои целосно возат на батерии и возила кои користат водород. Планираме вкупно 130 електрифицирани возила со знакот на ‘Мерцедес‘“, велат од „Дајмлер“.