ДАНСКАТА МОДНА РЕВИЈА СО КУЛИ ОД ПЕСОК НОМИНИРАНА ЗА НАЈДОБАР ДИЗАЈН НА ИНСТАЛАЦИЈА НА НАГРАДИТЕ НА „ДЕЗИН“

Данска, (Дезин)

Дизајнерското студио „Спејсон енд икс“ создаде инсталација на модна писта за данскиот моден бренд „Стине Гоја“, со шест кули од песок во центарот кои се урнаа додека манекенките одеа покрај нив. Ревијата се одржа за време на минатогодишната модна недела во Копенхаген и влезе во потесниот избор за најдобар дизајн на инсталација на овогодинешните награди на сајтот „Дезин“.

На ревијата на данскиот моден бренд „Стине Гоја“ шест кули од песок се урнаа додека манекенките одеа покрај нив (Фото: Дезин)

За модното шоу, студиото сакало да има физичка манифестација на природниот свет, па употребило 20 тони песок, земен од Хундестед, гратче северно од Копенхаген. Песокот потоа бил ставен во дрвени кутии за да се формираат големи, квадратни блокови. Овие блокови беа наредени во високи кули, при што секој блок беше одделен со мал слој пченкарен скроб, обоен во розова боја со биоразградлива прехранбена боја. Беа направени шест кули и поставени на купишта песок на средината на пистата.