Францускиот институт во Скопје и Скопско лето објавија дека изведбата на уличното дефиле-претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) се одложува за утре (29 јуни).
Овој настан требаше да се одржи вечерва, но групата не е во можност да пристигне денеска поради големо невреме во моментот на полетувањето од Франција.
Маршрутата на дефилето останува иста: од Музејот на Град Скопје, преку улицата Македонија и Камениот мост, до плоштадот Карпошово востание, каде што е финалето на претставата. Почетокот е во 21 часот.
На крајот на претставата, на фасадата на зградата Ибни Пајко ќе биде прикажан видеомапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен „Франција во светлина“. Со овој настан се затвора прославата на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје