Во Македонија се регистрирани уште 30 случаи на коронавирус, додека светот ја надмина бројката од еден милион заразени, а повеќе од половина од човештвото живее во изолација.
Овојпат, позитивни тестови се потврдени во само четири градови: Скопје – 12, Прилеп – 9, Куманово – 8 и Крива Паланка – 1.
Вкупната бројка заразени порасна на 384, најмногу во Скопје (195), Куманово (62) и Дебар (47). Досега починаа 11 пациенти.