Во Кинотеката денеска почнува Неделата на албански филм, што ќе трае до 26 октомври. Манифестацијата ја организираат Кинотеката и Националниот филмски центар на Албанија, а ќе бидат прикажани по пет долгометражни и краткометражни играни филмови.

Ревијата почнува со „Моето езеро“ на Ѓерѓ Џувани, еден од најпознатите албански филмски автори во овој век, кој почина пред две години.

Меѓу насловите кои ќе се прикажат се и: „Зората“ на Гентијан Кочи, „Аманет“ на Намик Ајази, „Засолниште меѓу облаците“ на Роберт Будина и „Делегацијата“ на Бујар Алимани.