Дваесет и првото издание на детскиот музички фестивал Поточиња ќе се одржи на 13 и 14 април во Филхармонијата.
„Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски со маската на популарниот водител Поки“, најавува организаторот.
Фестивалските претстави се двата дена од 11, 13 и од 19 часот.
Билетите до 31 март ќе бидат по 350 денари, а од 1 април по 450 денари и се во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн.
Фото: фестивал Поточиња