Легендарниот британски комичар и поранешен член на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, ќе настапи во Загреб на 15 јуни, што засега е наведено како последен европски датум од неговата светска турнеја, пред да продолжи во САД.
Седумдесет и осумгодишниот Клиз духовито ја нарече турнејата „Дојдете да ме видите за последен пат пред да умрам“, што е проследено со плакатот со надгробна плоча, на којашто стои натпис „Џон Клиз 1939-201?“.
Клиз ќе настапи во салата „Ватрослав Лисински“, а претставата се состои од негови класични и понови дела.
Како актер и сценарист, Клиз беше еден од основачите на култната група „Монти Пајтон“, со чии членови потоа сними и неколку успешни филма.