ДИНА ЈАШАРИ, КОНСТРАКТА И „ЉУБОЈНА“ МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот летен фестивал на отворено „Звукот на Скопје“ ќе се одржува денеска и утре и ќе понуди богата музичко-уметничка програма, што ќе се одвива на плоштадот Мајка Тереза, во чаршијата и во паркот Ибни Пајко, а ќе има и изложби.

Фестивалот го организира Културно-информативен центар (КИЦ) во партнерство со компанијата „Пакомак“ и вечерва наместо влезница, ќе се остава едно пластично шише или лименка, а утре влезот е слободен.

Почнувајќи од 18 часот, денеска се настапите на „Хајка“, Дина Јашари и на српската евровизиска сензација Констракта со нејзиниот бенд, додека низ чаршијата ќе свират „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“.

Во утрешната музичка програма се „Брука бенд“, „Фулиш грин“, „Бла бла бла“, Toни Китановски, „Љубојна“, „Баклава“, Добрила и Дориан дуо и „Перија“.

Во КИЦ ќе се отвори изложбата „Македонија“ од бразилските уметници Даниел Kастинет и Вилсон Нето.