„ДИВАТА КРУША“ НА БИЛГЕ ЏЕЈЛАН И ХОРОРОТ „СУСПИРИЈА“ НА СИНЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Програмата со гала премиери во киното Милениум на Фестивалот на европски филм Синедејс продолжува вечерва во 17.30 часот со проекцијата на „Двојни животи“ во режија на Оливер Асајас и со оскаровката Жулиет Бинош во главната улога.

Од 20 часот игра „Дивата круша“ на еден од најреномираните европски режисери Нури Билге Џејлан, во кој македонски партнер е „Сестри и брат Митевски продукција” на Лабина Митевска.

Во 23 часот е проекцијата на „Суспирија“, римејк на култниот италијански хорор на Дарио Арџенто, овојпат во режија на Лука Гвадањино.

Во Младински културен центар (23 часот) за првпат во Скопје ќе настапи американското експериментално хип-хоп дуо „Шабаз паласес“.