Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се отвори утре (13 ноември) во Мала станица во Скопје во 20 часот. Таа претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ.
„Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер. Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ, јасно согледување на нивното место во ликовниот простор на Македонија во период од една година“, велат од ДЛУМ.