Отровите што ги произведува едно дрво од Австралија се многу слични на оние кај пајаци и скорпии, открија научниците од универзитетот Квинсленд во Бризбејн.
Оние што ќе се боцнат на лисјата на дрвото во прв момент чувствуваат силно печење, што по неколку часови преминува во болка, која може да трае со денови, па дури и недели. Научниците велат дека отровот има молекуларна структура налик на јазол, што му овозможува да се заплетка и постојано да ги напаѓа рецепторите за болка кај жртвата.
Лисјата на дрвото што Австралијците го викаат гимпи-гимпи имаат облик на срце и се прекриени со влакна налик на иглички, преку кои се вбризгува отровот. Овие дрвја првенствено можат да се пронајдат во дождовните шуми во североисточните области на Квинсленд.