Македонија денеска ја надмина бројката од 200 заразени со коронавирус, точно еден месец откако во земјата беше потврден прв случај.

  • Во последните 24 часа, во Македонија има 24 нови случаи на коронавирус, пет помалку во однос на вчера.
  • Меѓу новозаразените е и едно лице од Тетово, што е прв случај на коронавирус во овој град.
  • Прв позитивен тест во Македонија беше потврден на 26 февруари и оттогаш бројката заразени порасна на 201.
  • Први рестриктивни мерки во земјата беа воведени на 10 март, кога беше донесена одлука за затворање на сите образовни институции.
  • Досега три лица починаа од КОВИД-19, а исто толку и се излекувани.
  • Најмногу заразени има во Скопје – 123, па следуваат Дебар (43), Куманово (15), Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Гостивар (1) и Тетово (1).
  • Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека завршува карантинот во Дебар, што беше воведен пред две недели.
  • На светско ниво, денеска беше надмината бројката од 500.000 заразени, додека над 23.000 луѓе починале.