Вечерва во 20 часот, на Јутјуб каналот на Филхармонијата ќе се емитува концертот „Ново утро“ под диригентство на Јерухам Шаровски. На програмата е „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз. В сабота напладне ќе се емитува еден од концертите на Филхармонијата за деца.

Оттаму информираат дека на сите кои преку интернет купиле билети за концертите „Диши љубов“ и „Педесет нијанси црно“ средствата ќе им бидат рефундирани во наредните неколку денови по електронски пат.

Оние што купиле билети на билетарницата на Филхармонијата дополнително ќе бидат известени за начинот на кој ќе им бидат вратени парите.