ЕЛЕНА КОПРТЛА СО ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ЗА ФИЛМСКИТЕ ИНТЕРПРЕТАЦИИ НА ГРАДОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во 18 часот, во локалот „Бруталиск“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Градот и идентитетот – филмски репрезентации“ од Елена Копртла, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“.

Издавачот вели дека целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот и идентитетот на градските средини.

„Анализата на филмскиот град ги обединува историјата на уметноста, архитектурата, антропологијата и урбаните и социолошките студии, а филмскиот пејзаж се протега далеку зад екранот, за да се преиспита како преку своите пејзажи го прераскажуваме својот идентитет и како го дефинираме својот опсег во глобалната филмска заедница“, вели издавачката куќа.

Промотори се Ивана Васева и Влатко Галевски.