ЕПИДЕМИЈАТА Е ПОД КОНТРОЛА, НО УШТЕ ТРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
People with protective masks walk in front of a mural inspired by the "Covid19" in Skopje, Republic of North Macedonia on 09 May 2020.Due to the lower number of newly infected COVID-19 patients the North Macedonia government is considering to lower the quarantine measures in the country. Starting Monday, 11 of May, there will be selective reopening of some restaurants and coffee shops in the country.

Бројката починати од КОВИД-19 во Македонија се искачи на 95, додека Министерството за здравство објави дека епидемијата е ставена под контрола.

  • Во изминатите 24 часа починале три лица од последиците на коронавирусот: 59-годишна прилепчанка, 68-годишна пациентка од Тетово и 76-годишен велешанец.
  • КОВИД-19 досега однесе 95 животи во земјата.
  • Од направените 309 тестирања, 20 имале позитивен резултат (10 во Скопје, пет во Прилеп, четири во Тетово и еден во Велес).
  • Во Македонија досега се потврдени 1.694 случаи на коронавирус, од кои 370 се активни.
  • Досега оздравеле 1.229 лица, што е 24 повеќе во однос на вчера.
  • Според Министерството за здравство, репродуктивниот број сега е помал од 1, односно дека еден заразен го пренесува вирусот на помалку од едно лице.
  • 80% од случаите на коронавирус имаат епидемиолошка поврзаност, што значи дека значително е намален бројот на нови кластери.