ЕВРОПА И ОРИЕНТОТ СЕ СПОИЈА ВО КОРЕОГРАФИИТЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЛАТИНО ТАНЦИ ВО СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Богати кореографии кои личеа на минипретстави покажаа натпреварувачите на Светското првенство во латино танци, кое се одржува во скопскиот хотел „Александар палас“.

Кореографија со порака за подигање еколошка свест. (Фото: Ѓ. Личовски)

Различни пораки и приказни гледавме во неколкуминутниот танц на натпреварувачите, секој оригинален на свој начин, со интересна и кореографија и сценографија.

Танц со порака за спас на планетата. (Фото: Ѓ. Личовски)

Со музика карактеристична за темата на танцот, дел од танчарите ги претставуваа европските градови, како Париз, преку романтиката, тангото и ориентот, а имаше и пораки за спас на планетата и подигање еколошка свест.

Танчарката од Италија имаше еден од највпечатливите настапи. (Фото: Ѓ. Личовски)

Светското првенство започна на 6 ноември и ќе трае до утре (10 ноември). Учествуваат над 2.000 танчари од 22 земји, кои се натпреваруваат во повеќе категории: детска, јуниорска и возрасна.

Танчарката од Италија ги управуваше куклите на почетокот од настапот. (Фото: Ѓ. Личовски)

Танчарите прикажаа соло изведби, рутини за парови и групни настапи. На првенството нема финале, награди се доделуваат секој ден, зависно од категориите и возраста, а за најдобрите гласа интернационално жири. Организатори се танцовите студија „Ит д бит“ и „Брејк а лег“.

Сите натпреварувачи имаа интересни костими. (Фото: Ѓ. Личовски)
Натпреварувачката од БиХ (Фото: Ѓ. Личовски)

М. ЏАРОВСКА