ФЕСТИВАЛ НА ЖИВИ СТАТУИ НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА

Скопје,(СМАРТ СДК.МК)

Десет живи статуи од Шпанија, Бугарија, Унгарија, Србија и Македонија наредниот викенд ќе бидат дел од уличниот фестивал „Статуафест“ кој за првпат во овој облик ќе се одржи на улица Македонија во Скопје.

Фестивалот ќе се одржува на 14 и 15 септември од 18 часот, па сѐ до полноќ. Покрај живите статуи, кои ќе стојат на неколку локации и ќе доловуваат различни ликови, предвидена е и забава со повеќе диџеи и настапи на бендови.

Организаторите велат дека со овој фестивал ќе овозможат разубавувањето на градот, но и ќе ја покажат специфичноста на оваа професија пред македонската публика

„Она што го прави овој фестивал поразличен од останатите е неговиот формат, односно живите статуи кои ќе пристигнат од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина за да го овозможат разубавувањето на овој град, но и да се покаже специфичноста на оваа професија пред македонската публика. Исто така, оваа година,  на овој фестивал ќе учествуваат и наши артисти кои се занимава со ваков несекојдневен вид на уметност“, велат организаторите од продукцијата „Театроск“.

Организаторите велат дека нивна цел преку овој фестивал е градот Скопје да  стане дел од светската културна мапа на уличните уметнички фестивали и од година во година повеќе и повеќе да го развива и истиот да тргне во насока која ќе го направи еден од највлијателните фестивали од ваков карактер.

А. АНТЕВСКА