Београдско драмско позориште гостува вечерва (19 октомври) во скопскиот Драмски театар со претставата „Швејк“ во рамките на регионалниот фестивал РУТА.
Претставата е работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек, режисер е Вељко Миќуновиќ, а улогите ги толкуваат Озрен Грабариќ, Милутин Милошевиќ, Милутин Дапчевиќ, Милош Лазаров, Наташа Марковиќ, Бојана Стојковиќ, Ива Илинчиќ, Ивана Николиќ и Ивана Вукмировиќ.
Романот зборува за чешкиот ветеран Јозеф Швејк и за неговите доживувања во армијата.