ФЕСТИВАЛОТ „ВИНОДОНИЈА“ НА 13 И НА 14 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 13 и на 14 декември во скопскиот хотел „Мериот“ ќе се одржи винскиот фестивал „Винодонија“, кој ќе трае двата дена од 15 до 21 часот.

Ова ќе биде осмо издание на фестивалот за кој организаторите велат дека врвот на посетеност го постигнал по пандемијата, во 2022. Минатата година, за два дена го посетиле околу 1.600 луѓе.

Ќе бидат изложени вина од над 50 винарии, со 500 вински етикети. Годинава, специјални гости се винарии од Србија и од Унгарија кои ќе одржат предавања.

„Мастер класови кои ќе ги одржуваат познати енолози ќе има двата дена, од 11,13,15 и 17 часот. Ќе има и предавања од доктори, и изложувачи на храна која ќе можат да ја пробаат посетителите во соработка со ‘Слоу фуд“, велат организаторите. Билетите за фестивалот чинат 1.000 денари, а ќе има и музичка програма двата дена.

 

(Фото: М.Ј. Илиева)