Над 2.000 посетители проследија настапи на 17 музички групи од шест држави и гледаа филмови од архивата на Филмскиот музеј во Амстердам, на годинашното издание на фестивалот „Здраво млади“, во организација на Младинскиот културен центар и Амбасадата на Кралството Холандија.

Во рамките на фестивалот беше организиран и саем на холандска литература преведена на македонски јазик, а беше откриен и муралот изработен од холандскиот уметник Јорен Џошуа во соработка со македонскиот графити-артист Цветан Неделковски.

Фестивалот го отвори амбасадорката на Кралството Холандија Узлем Џанел.
„Верувам во моќта на младите луѓе да се изборат за подобра иднина, како и во моќта на културата и уметноста да ја поткрепат оваа борба“ рече таа во воведното обраќање.
(Фото: Димитар Апостолов)