ФИЛИПОВА-КИТАНОВСКА ИЗЛОЖУВА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Додека не беше тука“ на Симонида Филипова-Китановска. Таа се претставува со големи платна, насликани со туш, акрилна боја и со мешавина на пигмент.

Критичарот Ахмед Буриќ вели дека „Додека не беше тука“ може да биде длабоко интимно, трагично чувство за светот и за нешто што некогаш се случило.

Филипова-Китановска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988, во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Оттогаш е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Во периодот од 1991-1997 година живееше и работеше во Бостон, САД.

Делата на Филипова-Китановска биле дел од стотина групни изложби во 20-ина држави на четири континенти.