„Јас и ти, едно сме“ е насловена изложбата која ќе се отвори денеска во 12 часот во НГСМ – Чифте амам.
Станува збор за последната изложба од ликовно- едукативниот проект „Уметност за сите“ на Националната галерија на Северна Македонија. Во проектот се реализираа голем број работилници кои анимираа учесници-деца со различен спектар на попреченост, различна возраст, специфики, социјален статус, пол и посебни потреби.
Проектот „Уметност за сите“ беше финансиран од програмата МАТРА на Амбасадата на Кралството Холандија.
„Проектот е пример за грижа за различностите и потребите на маргинализираните групи. Од него произлегоа работилници кои се реализираа во период од 2017-2019 година: ‘Од мој агол’, ‘Дај му форма на животот’, ‘Пролет, лето, есен, зима… и повторно пролет’ и последниот, ‘Јас и ти, едно сме’“, вели директорката Дита Старова-Ќерими.