ФРАНЦИЈА ГО ЗАБРАНУВА КОРИСТЕЊЕТО НА ДИВИ ЖИВОТНИ ВО ЦИРКУСИ И ВОДЕНИ ПАРКОВИ

Париз, (АП)

Француското министерство за животна средина објави дека земјата ќе ги забрани користењето на диви животни во циркуси и чувањето на китови и делфини во водени паркови.

„Мечки, тигри, лавови, слонови и други диви животни веќе нема да бидат дозволени во патувачките циркуси“, изјави министерката Барбара Помпили.

Таа додаде дека трите морски паркови во Франција веќе нема да смеат да носат или одгледуваат нови делфини и китови.

„Време е да отвориме нова ера во нашите односи со дивите животни. Добросостојбата на овие животни е наш приоритет. Оваа транзиција ќе трае неколку години зашто ќе ги промени животите на многу луѓе“, кажа Помпили.