ФРАНЦИЈА ЌЕ ИСЕЧЕ 1.000 СТАРИ ДАБА ЗА ДА ЈА ОБНОВИ КУЛАТА НА НОТР ДАМ

Париз, (Ројтерс)

Илјада дабови дрвја од сите региони на Франција, некои стари неколку векови, ќе бидат исечени до крајот на месецот за потребите на реконструкцијата на кулата на катедралата Нотр Дам, што беше уништена во пожарот во април 2019.

Минатото лето, претседателот Емануел Макрон вети дека 96 метри високата кула ќе биде обновена според оригиналниот дизајн на Ежен Виолет-ле-Дук од 19. век, по што почна потрага по дрвјата низ целата земја.

Стеблата, чија вредност се проценува на по 15.000 евра, ќе се сушат од 12 до 18 месеци, пред да бидат исечени во соодветен облик. Оригиналниот покрив на катедралата содржел толку многу дабови греди што се нарекувал „шума“.

„Ова се исклучителни стебла, совршено рамни и без внатрешни дефекти. Сега ќе направиме простор за нова генерација дабови дрвја, кои за 200 години ќе создадат шума каква што имаме денес“, изјави Ајмерик Албер, комерцијалниот директор на државната агенција за шуми.