Адел е прогласена за најпродавана музичарка на 21. век, надминувајќи ги Мадона, Пинк и Ријана, објави Британската фонографска индустрија. Според неа, сите три албуми на Адел, „19“ (2008), „21“ (2011) и „25“ (2015), котираат на листата на десетте најпродавани албуми снимени од жени.

Нејзиниот втор албум „21“ само во Велика Британија се продал во шест милиони примероци, со што се наоѓа на првото место во овој век. На второто место е „Back To Black“ на Ејми Вајнхаус, a на третото е пак Адел со „25“.

По Адел, на листата на десетте најпродавани музичарки од 2000 до 2021 следуваат Пинк, Мадона, Ријана, Дајдо, Ејми Вајнхаус, Кајли Миног, Бијонсе, Бритни Спирс и Леди Гага.