Француската компанија „Карма“ соопшти дека продала едно од своите вештачки срца за првпат од своето основање во 2008 година и тоа било вградено во пациент од Италија кој чека на трансплантација.
„Операцијата ја изведе тим предводен од хирургот Чиро Мајело во болницата во Неапол“, објави „Карма“.
Оваа француска компанија лани доби дозвола за продажба на својот производ во Европа, а вештачкото срце „аесон“ е замислено како „мост кон трансплантација“ и ќе се вградува како привремено решение во отсуство на вистинско срце за пресадување.
„Ова е првпат едно од нашите срце да се користи надвор од клиничките тестирања. Ова е голем успех за компанијата што отвора ново поглавје во нејзиниот развој“, изјави портпаролот на „Карма“, додавајќи дека се надеваат дека до крајот на годината ќе пронајдат уште муштерии во Германија и Франција.
Операцијата чинела повеќе од 150.000 евра и била платена од регионалниот здравствен систем.