ГРАТЧЕ ВО САД СЕ РАЗБУДИ ПРЕКРИЕНО СО МРАЗ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Иако наликува на сценографија од „Снежно кралство“, ова, всушност, се вистински ефекти на невреме во град во американската сојузна држава Њујорк.

Хамбург, кој е сместен на брегот на езерото Ири, се разбуди прекриен со дебел слој на мраз, откако силни ветрови создале големи бранови што ги испрскале куќите и дрвјата. Во услови кога температурите се спуштиле под нула Целзиусови степени, водата се замрзнала на куќите, создавајќи драматични ледени форми.

Многумина од жителите останале во темница откако мразот ги прекрил и прозорците, додека други едвај успеале да излезат низ замрзнатите врати.

Жителите велат дека ова се случувало и во минатото, но никогаш не било олку лошо.