ГРЕТА ТУНБЕРГ Е ЛИДЕР НА НАШЕТО ВРЕМЕ, ВЕЛИ ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО

Њујорк, (Би-Би-Си)

Леонардо ДиКаприо ја нарече Грета Тунберг „лидер на нашето време“ откако двајцата првпат се сретнаа.

Оскаровецот објави фотографија со младата шведска активистка на Инстаграм и призна дека е импресиониран од нејзината работа.

„Се надевам дека пораките на Грета ќе ги разбудат лидерите низ цел свет. Времето на неактивност заврши. Поради луѓе како Грета, многу сум оптимистичен за иднината“, вели ДиКаприо.

Тунберг покрена глобално движење на младите против климатски промени, на кое му се придружија милиони луѓе.

„Во човечката историја има клучни моменти кога нечиј глас засилено се слуша. Така мислам дека Грета Тунберг стана лидер на нашето време. Ми беше чест што поминав време со Грета и си ветивме дека ќе се поддржуваме во нашите напори да обезбедиме посветла иднина за нашата планета“, напиша ДиКаприо на Инстаграм.